[rus|slv|hrv|srp|bos|mkd|bul|pol|dsb|hsb|ces|slk|bel|ukr|eng|fra|deu]
Општословенски
лингвистички
атлас
Работата
врз
Општословенскиот
лингвистички
атлас (ОЛА)
започна врз
основа на
одлуката на 4
Меѓународен
конгрес на
славистите
(Москва, септември
1958 г.). При
Меѓународниот
комитет на
славистите
се
организира
Комисија за
ОЛА, во која
влегоа
претставници
на одделни славистички
центри.
Комисијата
од своја
страна
создаде
меѓународна
работна група.
Прашалникот
на ОЛА брои 3454
прашања.
Мрежата на
истражуваните
пунктови
опфаќа ок. 850
села.
Во
работата врз
ОЛА
учествуваат:
Академијата
на науките на
Босна и
Херцеговина,
Белоруската
академија на
науките, Институтот
на лужички
јазик,
литература и
култура
(Бауцен – Budyšin),
Македонската
академија на
науките и
уметностите,
Полската
академија на
науките и уметностите,
Руската
академија на
науките, Словачката
академија на
науките,
Научно-истражувачки
центар на Словенечката
академија на
науките и
уметностите,
Српската
академија на
науките и уметностите,
Украинската
академија на
науките,
Хрватската
академија на
науките и
уметностите,
Црногорската
академија на
науките и
уметностите
и Чешката
академија на
науките.
Предмет
на
истражување
на ОЛА е
група сродни јазици
–
словенските,
а не еден
јазик. Оваа разлика
во однос на
другите
проекти од
областа на
лингвистичка
географија
не носи количествен
туку
качествен
карактер,
бидејќи се
менува
објектот на
картографирањето.
Додека
националните
атласи
истражуваат
дијалектни
разлики во
граници на
еден јазик, ОЛА
се
концентрира
врз разлики
релевантни
од гледна
точка на
целата
јазична
територија,
разлики со
општословенско
значење.
Колективот
на ОЛА е
соочен со два
типа проблеми:
историско-споредбени
и
синхроно-типолошки.
Теренската
ексцерпција
мора да
донесе материјал
кој ќе
дозволи да се
одговори на прашањата
од тие две
различни
научни области.
Во
првата
област
спаѓаат
такви
прашања како
создавањето
на
словенската
јазична заедница
и нејзината
натамошна
дијалектна
диференцијација,
и натаму:
создавањето
на современите
словенските
јазици. ОЛА
донесува материјал
кој
дозволува да
се реши
проблемот на
појдовната
словенска
јазична
територија и
нејзиното
подоцнежно
ширење на контактите
меѓу
словенските
и
несловенски
јазици и култури,
т.е.
контактите
со Германите,
Балтите, Келтите,
Тракијците,
Иранците,
Финоугријците,
Турците,
Илирите,
Грците,
Романците.
Сета тоа во
поголема или
помала мера
се одразува
на картите на
ОЛА.
Втората
задача не помалку
важна, а
истовремено
и релативно нова, e синхроно-типолошкa.
Типолошката
диференцијација
на словенските
јазици на
сите нивоа од
нивната
структура е
прилично
голема, иако
се работи за
група
блискородни
јазици.
ОЛА
се подготува
во две серии:
лексико-зборообразувачка
и
фонетско-граматичка
(фонетика,
морфологија,
синтакса).
Засега првите
томови
содржат
лексико-зборообразувачки
и фонетски
карти,
подоцна се
планира
обработка на
морфолошки,
синтаксички
и семантички
карти. Во
лексико-зборообразувачките
томови
материјалот
се
обработува
по семантичките
полиња, а во
фонетските –
според процесите
карактеристични
за
гласовните
системи на
словенските
јазици.
Согласно
на
концепцијата
на самото
издание
колективот
на ОЛА работи
во две
секции: лексико-зборообразувачка
и
фонетско-граматичка.
Во
органзациската
структура на
ОЛА постои и
поткомисија за
обопштувачка
транскрипција
– тука се врши
морфонолошка
анализа на
материјалот,
се отклонува
регуларна
фонолошка
диференцијација
и се
утврдуваат
обопштени
легенди за
лексико-зборообразувачките
карти. Во
последно време
организирана
е и
поткомисија
за проблемите
на компјутеризацијата
на работата
врз атласот.